Достапни линкови

Османи во Финска - Имаме капацитет за членство во ЕУ


Бујар Османи

Вицепремиерот Бујар Османи, на средба со претставници на Големиот Комитет на финскиот Парламент, изјавил дека Северна Македонија има и политички и институционален капацитет за да го продолжи патот кон полноправно членство во ЕУ, и дека Владата останува посветена на тој процес.

На средбата, со којашто денеска Османи ја започна официјалната посета на Финска, биле разменети мислења за евроинтеграцискиот процес на држвава и поддршката во таа насока од Финска во рамки на нивното претседателство со ЕУ, соопшти владиниот Секретаријат за европски прашања.

За време на официјалната посета на Финска, Османи ќе има средби и со министрот за европски работи, Тути Тупураинен, и за надворешни работи, Пека Хависто.

XS
SM
MD
LG