Достапни линкови

Трамп сака лично да разговара со Џинпинг за кризата во Хонг Конг


Си Џинпинг и Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп предложил лично да се сретнат тој и кинескиот претседател Си Џинпинг за да се разгледа се подлабоката политичка криза во Хонг Конг, објавија светските новински агенции.

Трамп е уверен дека Си може да се справи со протестите „брзо и хумано“ и за него „Си е голем лидер кој го почитува својот народ“, пренесуваат агенциите.

Трамп на Твитер објави дека Кина сака да се постигне договор, но како што вели, „прво нека се однесува човечки со Хонг Конг“.

XS
SM
MD
LG