Достапни линкови

Денеска ново рочиште за случајот ТНТ


Покрај поранешниот министер за транспорт, Миле Јанакиески, во ТНТ обвинети се и поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство. Во предметот „ТНТ“, кој се однесува на уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски, меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски. Случајот се наоѓа во доказна постапка, а застапник на обвиненито е Бурим Рустеми од СЈО, кој за денеска е повикан да даде исказ за случајот „Рекет“.

XS
SM
MD
LG