Достапни линкови

Обвинителот Бурим Рустеми од СЈО денеска на исказ за „Рекет“


Обвинителот Бурим Рустеми од СЈО денеска треба да даде исказ во Обвинителството за организиран криминал за случајот „Рекет“, откако од почетокот на неделава искази за случајот дадоа специјалните обвинителки Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска. Поради судењето за случајот „ТНТ“, каде Рустеми го застапува обвинението, не се знае точно време кога ќе биде сослушан.

Обвинителката Лиле Стефановска и специјалната обвинителка Катица Јанева беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“. Од ЈО засега не откриваат дали и кога ќе биде повикана и Јанева.

Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, вчера информираа дека согласно утврдениот план се преземаат истражни дејствија во насока на обезбедување на доказите и целосно расветлување на случајот „Рекет“ и дека е во тек финансиска истрага во повеќе насоки и прибирање доказен материјал што ќе помогне во утврдувањето на фактичката состојба.

Засега единствените осомничени за случајот „Рекет“ Бојан Јовановски и Зоран Милески остануваат во притвор, откако вчера Кривичниот совет при Основниот кривичен суд им ја продолжи мерката за уште 30 дена.

Бојан Јовановски - Боки 13 и Зоран Милевски - Кичеец, Обвинителството ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за „перење пари и други приноси од казниво дело“.

XS
SM
MD
LG