Достапни линкови

Канадскиот премиер критикуван за притисок врз екс обвинител


Џастин Трудо

Канадскиот комесар за етика Марио Дион оцени дека премиерот Џастин Трудо неправилно извршил притисок врз поранешениот главен обвинител за да биде прекинато кривичното гонење на една компанија поради судир на интереси. Овој извештај на комесарот доаѓа пред почетокот на кампањата за општите избори закажани за 21 октомври. Дион изјави дека обидите на Трудо да влијае врз Џоди Вилсон Рејбулд се во спротивност со уставниот принцип за независноста на судството.

XS
SM
MD
LG