Достапни линкови

Трамп се закани со излегување од Светската трговска организација


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека САД ќе ја напуштат Светската трговска организација која ја крикува дека и дава повластен третман на Кина на сметка на САД. „Ако треба, заминуваме. Знаеме дека со години не мачат и тоа веќе нема да се случува“, рече Трамп на собир на вработените на една хемиска фабрика на Шел во Пенсилванија. Трамп претходно има оценето дека Светската трговска организација е „застарена организација“.

XS
SM
MD
LG