Достапни линкови

Заев и се извини на ЛГБТИ заедницата, осуда за неговата изјава од ЗНМ


Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев преку Твитер упати извинување до ЛГБТИ заедницата и појаснување дека во вчерашната изјавата зборот „педер“ го употребил за да даде карактерна особина, а не да означи сексуална припадност. „ЛГБТИ заедницата ја има мојата голема почит. Затоа, пред да го употребам зборот „педер“ упатив извинување. Тој збор го употребив за да дадам карактерна особина, а не да означам сексуална припадност. Извинување за ЛГБТИ луѓето. Ќе се борам за нивните права, како и досега, напиша Заев на „Твитер“. Претходно, коментирајќи го случајот „Рекет“ Заев изјави дека нема, како што рече, да дозволи неколку криминалци, еден суетен новинар и да ме извини ЛГБТ заедницата, еден педер да ја симнат оваа Влада од власт. Во истоввреме Здружението на новинарите на Македонија остро ја осудува изјавата на Заев како агресивен говор кон новинаритекое, како што се наведува, може да поттикне насилство кон нашите колеги, а со тоа и дополнително да се загрози нивната безбедност и да се ограничи слободата на изразувањето. Осуди дојдоа и од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и од МАН.

XS
SM
MD
LG