Достапни линкови

Турција во септември ќе добие уште руски ракетни системи С-400


Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, изјави дека Турција очекува во втората половина на август или во септември да биде реализирана втората испорака на одбранбениот ракетен систем С-400 од Русија, објавија новинските агенции, повикувајќи се на локални медиуми.

„Во август или во септември ја очекуваме втората испорака на С-400 за земјата. Бидејќи беше прекинат Договорот за нуклеарните сили со среден и помал дострел, Турција ќе има се поголема потреба од системите С-400“, вели Акер.

XS
SM
MD
LG