Достапни линкови

Брнс: Сега треба да покажете владеење на правото


Американската амбасадорка Кејт Брнс

Сега е време Северна Македонија да покаже заложба за придржување кон владеењето на правото, порача американската амбасадорка Кејт Брнс во статус на Твитер, споделувајќи ја објавата на еврокомесарот Јоханес Хан за случајот „Рекет“ и борбата против корупцијата.

„Како што рековме претходно, ова се сериозни обвиненија за кои е потребен сериозен одговор, кој ќе биде темелен, транспарентен и навремен. Сега е време Северна Македонија да покаже заложба за придржување кон владеењето на правото“, напиша Брнс на Твитер.

XS
SM
MD
LG