Достапни линкови

Сервер: Владата да се посвети на обемна истрага за „Рекет“


Даниел Сервер

Во врска со истрагата околу случајот „Рекет“ и можната поврзаност на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, Даниел Сервер од универзитетот „Џон Хопикинс“, изјави дека ваквите случаи треба да имаат судска разрешница и оти тоа може да биде процес кој нема да заврши брзо. „Сметам дека главно во моментов е Владата да стави до знаење дека е посветена на обемна и фер судска истрага, и ако треба, судење на оние кои го извршиле криминалот“, изјави тој. Во врска со тоа дали случајот би можел да се одрази врз претпристапните преговори со ЕУ, Сервер изјави дека тоа зависи од самата Унија. „До Брисел е да одлучи дали треба некакво одложување. Но, убеден сум дека искрена и јасна посветеност на Владата ќе го отвори патот за отварање на преговорите“, изјави Сервер.

XS
SM
MD
LG