Достапни линкови

Стефанова денеска треба да даде исказ за „Рекет“


Јавниот обвинител Љубомир Јовески

Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова, која го води предметот „Империја“, е повикана денеска во Јавното обвинителство да даде исказ за случајот „Рекет“, потврди државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Тој не открива дали и кога ќе биде повикана и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Обвинителството заради доверливоста и успешно водење на истрагата не соопштува однапред кои дејствија и кога ќе бидат преземени, вели Јовески. Тој тврди дека сите инволвирани ќе бидат неселективно сослушани или распитани. Јанева и Стефанова беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“.

XS
SM
MD
LG