Достапни линкови

Пожар во близина на железничката станица во Куманово


Илустрација

Пожарот кој попладнево избувна во близина на железничката станица во Куманово го прекина железничкиот сообраќај на пругата Куманово -Табановце, информираат од противпожарната единица во Куманово. Осум противпожарни екипи од кумановската противпожарна единица се на терен и се обидуваат да го локализираат пожарот.

„Пожарот е под контрола нема опасност од ширење. Има голема количина на прагови за железничка пруга кои се дрвени премачкани со специјални премази, што го отежнува гасењето“, изјави шефот на смена од ТППЕ Куманово, Ненад Кипријановски.

Густиот црн чад се забележува од повеќе локации во Куманово.

XS
SM
MD
LG