Достапни линкови

Турско-американскиот Центар во Сирија наскоро ќе биде активен


Турција соопшти дека американската делегација пристигнала во државата за да постават оперативен Центар за координација и управување со безбедносната зона на северот од Сирија. Турското Министерство за одбрана соопшти дека во земјата пристигнале шест Американци и дека наскоро Центарот ќе биде активен. Тој ќе служи за заеднички операции со цел спречување на тензиите меѓу курдските и турските сили на северот на Сирија,

Активностите се договорени за време на минатонеделните преговори меѓу Турција и САД.

Со договорот за формирање на центарот, не се прецизира дали регионот ќе биде исчистен од курдските борци кои Анкара сака да ги протера надвор од границите на Сирија, затоа што ги смета за терористи, а САД се потпираат врз нив во справувањето со екстремистичката Исламска држава во Сирија.

XS
SM
MD
LG