Достапни линкови

Амбасадорката Брнс за „Рекет“ - Ова се сериозни обвиненија за кои е потребен сериозен одговор


Амбасадорка Кејт Мери Брнс

Сега е време Северна Македонија да покаже заложба за придржување кон владеењето на правото, пишува, меѓу другото, американската амбасадорка во Скопје, Кејт Брнс на Твитер споделувајќи го статусот на еврокомесарот Јоханес Хан за случајот „Рекет“ и борбата против корупцијата

„Како што рековме претходно, ова се сериозни обвиненија за кои е потребен сериозен одговор, кој ќе биде темелен, транспарентен и навремен. Сега е време Северна Македонија да покаже заложба за придржување кон владеењето на правото“, пишува амбасадорката на Твитер.

Еврокомесарот Хан вчера, исто така на Твитер, порача дека борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи.

„Северна Македонија: Борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи непрекинато. Што се однесува до најновите откритија, важно е да се утврди правна одговорност за сите кривични дела, вклучително и оние што произлегуваат од и околу илегалните прислушувања“, напиша Хан.

XS
SM
MD
LG