Достапни линкови

Јанушев: Боки 13 не е толку моќен за сам да рекетира


Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев

За два дена истекува 30 дневниот притвор кој судот им го изрече на Боки Тредичи и неговиот партнер Зоран Милески Кичеец, а обвинителството и Зоран Заев се обидуваат да ја лажат домашна и меѓународна јавност дека тие двајцата се сами во целата политичко-обвинителска рекетарска афера, обвини денеска генералниот секретар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, по обраќањето на претседателот на државата, Стево Пендаровски, во врска со случајот „Рекет“.

„Дури ни мало дете веќе не им верува дека пријателот на Заев - Боки е толку моќен за да може да тропне на која било врата и да бара рекет од милиони евра. Четири недели не се проширува истрагата, иако сите слушнавме како Зоран Заев бил информиран за се и како ја менаџирал работата, а Катица Јанева како порачува да нема секирации бидејќи ќе биде се во ред“, рече Јанушев и додаде дека „Катица Јанева треба да е во притвор, а претседателот Пендаровски во обраќањето ја пуштил Јанева низ вода“.

XS
SM
MD
LG