Достапни линкови

Ново судење за „Титаник“ в среда, Стефанова утре на исказ за „Рекет“


Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова

Судењето за „Титаник“ на СЈО, во кој за изборни нерегуларности се обвинети 20 поранешни високи државни и партиски функционери, ќе продолжи во среда, откако денеска во Основниот кривичен суд се одржа првото рочиште по едномесечната судска ферија. Предметот го води судијата Осман Шабани и се наоѓа во доказна постапка. Досега се изведени околу 4.700 од над 5.900 предложени материјални докази од СЈО.

Застапникот на обвинението Лиле Стефановска, која беше спомната и во снимките за случајот „Рекет“ што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“, присуствуваше на денешното рочиште, но не даде изјава за медиумите. Таа е повикана утре во Јавното обвинителство да даде исказ за случајот „Рекет“, потврди за МИА државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во Титаник обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здтужување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање избкрна кампања.

XS
SM
MD
LG