Достапни линкови

Мета: Место борба за власт, да ја вратиме надежта за ЕУ


Илир Мета

Албанскиот претседател, Илир Мета, побара од премиерот Еди Рама и лидерот на опозицијата Љуљзим Баша, „да се откажат од борбата за власт“ и да размислат за изборите на 13 октомври, бидејќи, како што вели, се уште има време да им се врати европската надеж на албанските граѓани, објавија новинските агенции.

„Не само што попусто беше потрошена една година, без соработка, концентрација и одговорност, туку нештата се влошија единствено во интерес на борбата за власт. Но, се уште имаме можност да ги искористиме овие денови, да одржиме избори на 13 октомври 2019 година, како обврска, не само законска, туку и како неопходност да се избегне задржувањето на нулта шанси Албанија да ги започне преговорите за пристапување со ЕУ, на 18 октомври 2019 година“, напиша Мета на Фејсбук.

XS
SM
MD
LG