Достапни линкови

Рама до ЕУ: Преговори со Македонија пред Албанија ќе биде многу штетно за регионот


Еди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека ќе биде штетно за регионот, доколку ЕУ започне пристапни преговори со Северна Македонија, пред Албанија.

Тој додава дека тоа би била и неправда за Албанија.

„Би било многу штетно за регионот и во исто време неправедно. Македонија постигна напредок и заслужува да се пофали, бидејќи тоа го заслужува, но прашањето е дали ни треба конфликт за да се процени она што го правиме“, изјавил Рама во интервју за „Евроњуз“, како предупредување до ЕУ, објави МИА.

XS
SM
MD
LG