Достапни линкови

Трамп најави нов директор на Националното разузнавање


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека нов вршител на должноста директор на националното разузнавање од 15 август ќе биде Џозеф Мекваер. Тој ќе го замени Ден Коутс кој во минатиот месец соопшти дека се повелкува на 15 август. Првиот избор на Трамп за замена на Коутс, републиканскиот конгресмен Џон Ретклиф, отпадна од трката откако беше покренато прашањето за неговото недоволно искуство во оваа област.

XS
SM
MD
LG