Достапни линкови

„Петрунија...“ наградена по 10-ти пат, следуваат уште 7 престижни фестивали


На штотуку завршениот Филмски фестивал во Херцег Нови во Црна Гора, македонскиот филм „Господ постои, името и е Петрунија“ ја доби главната награда Златна мимоза за најдобар филм, што е 10-та награда во низа за „Петрунија...“.

Петчленото жири, составено од Дуња Клеменц, продуцент од Словенија, Винко Брешан, режисер од Хрватска, нашиот најистакнат актер Никола Ристановски, Јелена Мишељич, продуцент од Црна Гора и режисерот Никола Ључа, доделувајќи ја наградата во своето образложение рекоа: „За политичко провокативната модерна бајка, која одекнува, боли и засмејува".

Месецов „Петрунија...” ќе учествува уште на седум фестивали ширум светот, меѓу кои и на затворањето на престижниот Венециски филмски фестивал во селекцијата Денови на Авторите, каде што влезе како дел од трите финалисти за престижната награда Лукс. Останатите фестивали за месец август на кои ќе учествува „Петрунија...“ се Мелбурн филмскиот фестивал во Австралија, Интернационалниот Филмски фестивал Исток и Запад во Русија, Меѓународниот фестивал на женски филм во Сеул, Јужна Кореја, потоа на Филмскиот фестивал во Полска и на Сараевскиот филмски Фестивал.

XS
SM
MD
LG