Достапни линкови

Мадуро одбива преговори со опозицијата


Венецуелскиот претседател Николас Мадуро го откажа учеството на владината делегација на преговори со претставници на опозицијата на Барбадос и претставници на Владата нема да отпатуваат на Барбадос, како протест поради новите санкции на САД, објавија новинските агенции.

„Иако опозициската делегација, која ја предложи пратеникот Хуан Гваидо, е на Барбадос, претседателот Николас Мадуро одлучи да не ја испрати делегацијата на Венецуела, поради сериозната и брутална агресија на администрацијата на Трамп против Венецуела“ се наведува во соопштението од Кабинетот на Мадуро.

Делегацијата на Владата и опозицијата требаше денеска и утре на Барбадос да се сретнат за да ги продолжат разговорите под покровителство на Норвешка.

XS
SM
MD
LG