Достапни линкови

Карпентер: Дачиќ планира да се меша во внатрешната политика на САД


шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ

Мајкл Карпентер, поранешен советник на екс американскиот потпретседател Џозеф Бајден, инаку актуелен кандидат на Демократската партија за претседателска номинација, оцени дека најавата на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ оти ќе ја организира српската дијаспора во САД да го поддржи Доналд Трамп на следните избори, е знак оти сака да се меша во американската внатрешна политика. „Лично мислам дека Дачиќ прави голема грешка, а американската поддршка на европскиот пат на Србија би требало да остане прашање за поддршка на двете партии во САД“, напишал Карпентер на Твитер. Дачиќ претходно изјави дека со обединувањето на српските гласови во САД, Белград ќе има подобра позиција кај новата американска администрација.

XS
SM
MD
LG