Достапни линкови

Специјалци упаднале во домот на поранешниот претседател на Киргистан, Атамбаев


Пред домот на Атамбаев во комплексот во селото Кои-Таш.

Киргистанските специјални сили упаднале денеска во домот на поранешниот претседател Алмазбек Атамбаев, кој се соочува со обвиненија за корупција и злоупотреба на службена должност. Тој досега не се одважи на поканата за истрага. Специјалците се борат со приврзаниците на Атамбаев кои дошле да го бранат.

Дописниците на РСЕ од местото на настанот јавуваат дека е нејасно дали 62-годишниот Атамбаев бил приведен или не, откако безбедносните сили, од кои многу носеле маски, влегле во комплексот во селото Кои-Таш. Тие, исто така, јавуваат дека избил мал пожар во една од околните згради во рамките на комплексот и дека приврзаниците на Атамбаев ја презеле контролата над првиот кат од главната зграда.

Интерфакс, пак, го цитираше адвокат на Атамбаев кој вели дека поранешниот претседател е на „безбедно место“, додека друг медиум соопшти дека бил однесен на непозната локација.

„Специјална операција за приведување на поранешниот претседател Алмазбек Атамбаев ја спроведуваат специјалните сили на Киргистанскиот Комитет за национална безбедност“, стои во соопштението на Комитетот. Силите користеле само гумени куршуми, не биле користени други куршуми. Операцијата продолжува, соопштуваат.

Атамбаев се соочува со пет точки од обвинение за кривично злоупотреба на службената должност, додека бил претседател на Киргистан од 2011 до 2017 година - вклучувајќи корупција, злоупотреба на службената должност и незаконско збогатување. Атамбаев ги отфрли сите обвиненија против него, велејќи дека тие се политички мотивирани.

Во мај беа направени измени на законот, со кои му се укина имунитетот на Атамбаев. Според адвокатот на Атамбаев, измените се противуставни.

XS
SM
MD
LG