Достапни линкови

Мигранти биле повредени на границата меѓу БиХ и Хрватска


Мигранти во Босна.

Вкупно 18 мигранти се повредени синоќа околу еден часот по полноќ во близина на границата на БиХ и Хрватска. Според босански медиуми се работи за 15 Пакистанци, двајца Ирачани и еден Либиец. Шестмина од нив се хоспитализирани. Останатите се со полесни повреди.

Според нивни изјави тие веќе преминале на територија на Хрватска, но ги открила хрватската полиција и наводно ги претепале, им одзеле пари и мобилни телефони, и потоа ги префрлиле преку границата на територија на БиХ, изјави Јасмин Чехиќ, координатор за работа со мигранти во Велика Кладуша.

Хрватските власти во повеќе наврати ги негираа обвинувањата дека биле вмешани во насилен третман и велат дека тие само ја штитат границата од нелегални влегувања. Портпарол на хрватската влада изјави дека најновите случувања се испитуваат.

Босанските властите соопштуваат дека околу пет илјади мигранти, главно од Блискиот исток, Северна Африка и Азија, се сместени во северозападна Босна, со надеж дека ќе продолжат на запад кон Хрватска. Босанската полиција проценува дека околу 15 илјадидруги веќе успеале да продолжат понатаму оваа година, и покрај засиленото присуство на полицијата на хрватската страна на границата.

XS
SM
MD
LG