Достапни линкови

Пакистан го протерува индискиот дипломат и го повлекува својот амбасадор


Кашмир - безбедносни сили стојат на улица.

Пакистанските власти соопштија дека ќе ги влошат дипломатските односи со Индија, дека ќе ја прекинат билатералната трговија и ќе го протераат највисокиот дипломат на Њу Делхи од земјата, откако Индија го одзеде посебниот статус на регионот Кашмир.

Пакистан соопшти дека ќе го повлечат и нивниот амбасадор во Индија.

Индиските власти ја одзедоа територијалната автономијата на делот од Кашмир со кои тие управуваат, па така регионот од држава станува сојузна територија. Автономијата му овозможуваше на регионот, во кој мнозинството население се муслимани, да донесува сопствени закони. Во регионот се исклучуваат мобилните телефони и интернет-услугите, со што е отсечен од светот. Пакистан ја предупреди Индија дека потезите околу Кашмир можат да доведат до војна.

XS
SM
MD
LG