Достапни линкови

Од екс градоначалникот на Кавадарци одземени монети, но не е уапсен


Поранешниот градоначалник на Кавадарци Александар Панов вели дека не е приведен и уапсен, како што претходно објавија некои медиуми и како што се шпекулира во јавноста. Тој бил во полицијата во Кавадарци, таму се задржал два часа, оти некој го пријавил дека собира археолошки монета. Панов во изјава за МИА вели дека некој тенденциозно го пријавил од лични причини и дека не се работи за археолошки монети, туку за модерна нумизматика.

Тој вели дека полицајци од Велес и Кавадарци утринава извршиле увид кај него и кај неговите родителите и му одзеле неколку папки со монети, кои биле однесени на вештачење. Тој тврди дека нема стари монети во неговата збирка, туку модерна нумизматика, монети кои ги собира уште од дете.

„Пријавата е, најверојатно, лична работа, а не политичка“, изјави Панов.

XS
SM
MD
LG