Достапни линкови

НАТО и Австралија потпишаа партнерство со фокус на Пацификот


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и австралиската министерка за одбрана Линда Рејнолдс, Сиднеј, 7 август, 2019.

НАТО и Австралија потпишаа нов договор за партнерство со поголем фокус на Пацификот, во услови на кинеска експанзија.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и австралиската министерка за одбрана Линда Рејнолдс го потпишаа договорот денеска во Сиднеј. Договорот се обновува на секои две години.

Обраќајќи се на Институтот за меѓународна политика Лој во Сиднеј, Столтенберг рече дека НАТО традиционално се фокусирал на Советскиот Сојуз и Русија. Но кинеската експанзија низ целиот свет, влијаела на безбедноста на НАТО, делумно затоа што Кина се приближува.

„Ги гледаме на Арктикот. Ги гледаме во Африка. Ги гледаме како инвестираат многу во критична инфраструктура и во Европа. Ги гледаме во сајбер-просторот. И, исто така, гледаме дека одлуките на Кина и кинеските инвестиции за нови современи воени капацитети имаат директни последици за нас“, рече Столтенберг.

Во моментов, Австралија придонесува со околу 300 воени лица во мисијатапредводена од НАТО во Авганистан.

XS
SM
MD
LG