Достапни линкови

Басу: Брегзит може да биде штетен по безбедноста на Британија


Илустрација

Шефот на британската антитерористичката единица, Нил Басу, денеска изјави дека Брегзит без договор би го блокирал пристапот на британската полиција до податоците на Европска унија за сериозните криминалци и би нанел штета на безбедноста на државата по 31 октомври.

Тој за „Гардијан“ вели дека така Велика Британија може да го изгуби пристапот до Шенгенскиот информативен систем, документацијата за патниците и можноста да се користи Европскиот налог за апсење.

„Тоа би создало моментален ризик дека во нашата земја би можеле да влезат сериозни престапници, кои се барани во своите земји поради сериозни кривични дела, а ние тоа да не го знаеме“, вели Басу.

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека сака нов договор со ЕУ, но оти Велика Британија ќе излезе од ЕУ на 31 октомври дури и без договор.

XS
SM
MD
LG