Достапни линкови

И Естонија нема да ги признае руските пасоши на жителите на Доњецк и Луганск


Илустрација

Естонија нема да ги признае руските пасоши издадени на жителите во источниот дел на Украина, соопшти естонското МНР, објавија новинските агенции. Од Министерството појаснуваат дека нема да се признаваат руските пасоши издадени во областите под контрола на проруски сепаратисти по 24 април 2019 година, освен ако носителот претходно не бил руски државјанин.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно оваа година вети брзо добивање државјанство на секој што живее во украинските области Доњецк и Луганск. Поради тоа, Путин беше обвинет за напад врз суверенитетот на Украина и загрозување на примирјето во регионот.

Вчера и косовското МНР соопшти дека нема да ги признава руските пасоши издадени на жители на Доњецк и Луганск.

XS
SM
MD
LG