Достапни линкови

Шекеринска за „Рекет“: Никој од нас нема што да крие, никој не е заштитен


Радмила Шекеринска

Никој не е заштитен и никој не ја попречува истрагата. Од сите изјави од претставници на сите институции, особено од претставници на Владата, добивте иста порака: Законот мора да важи за сите. Никој никогаш нема да биде заштитен ако го прекршил законот, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, на новинарско прашање за случајот „Рекет“.

„Ниту како член на Владата, ниту како министер за одбрана, не сум фаворизирала некого, ниту сум потпишувала некои договори кои сега би излегувале во јавност. Никој од нас нема што да скрие, меѓутоа од друга страна инсинуациите поткрепени на „рекла казала“ навистина не се корисни. Инаку и јас би можела да излезам и да кажам дека пријателот на пријателот на еден ваш колега денеска е избеган во Будимпешта, дали тоа значи дека вашиот колега е виновен за неговото бегство? Никој паметен никој разумен тоа не би го кажал. Затоа органите треба да си го истражат своето, а ние покажавме дека никој не е света крава, дека никој не е заштитен, никој не е под закрила на власта“, рече Шекеринска.

XS
SM
MD
LG