Достапни линкови

Фајн: ИД се засилува во Ирак и Сирија


Исламска држава ги зајакнува своите позиции во Ирак и е во процес на преродба во Сирија, се наведува во денеска објавениот извештај на генералниот инспектор при Министерството за одбрана на САД, Глен Фајн, за текот на операцијата „Непоколеблива одлучност“, која се спроведува во Ирак и Сирија од силите на коалицијата предводена од Вашингтон, објавија светските новински агенции.

„И покрај фактот дека територијалниот „калифат“ беше загубен, ИД ги зајакнува своите можности за бунтовнички дејствија во Ирак, а исто така во последните три месеци е во процес на преродба во Сирија“, стои во извештајот на Фајнс, кој опфаќа период од 1 април до 30 јуни 2019 година.

„Намаленото присуство на американските сили доведе до намалување на поддршката со која располагаат силите на сојузниците на САД во Сирија, во момент кога им е неопходна поголема подготовка и оружје, со цел да одговорат на регенерирањето на ИД“, изјави Фајн.

XS
SM
MD
LG