Достапни линкови

Филипче: Оперирањето на децата во „Жан Митрев“ на товар на ФЗО продолжува


Венко Филипче

Третманот на децата продолжува во Клиничката болница „Жан Митрев“. Тие и натаму ќе се оперираат во таа Клиника на сметка на ФЗО, без оглед дали заминува тимот предводен од д-р Владимир Чадиковски, кој од Детска хирургија пред неколку месеци направи трансфер во таа Клиника. Тие си заминаа на своја рака од државно во приватно здравство. Значи без оглед на тоа, таму има улови, експертиза…, изјавил за МИА министерот за здравство, Венко Филипче, кој рече дека вчера телефонски разговарал со д-р Чадиковски и дека треба да се сретне со него и со останатите од тимот.

„Не би брзал со изјави додека не се расчисти што точно ќе прави тимот“, посочи Филипче

Во врска со објавените информации дека д-р Чадиковски ја депонирал оставката во Клиниката „Жан Митрев“, рече дека колку што знае тоа не е официјализирано. Д-р Чадиковски денеска за МИА изјавил дека е во отказен рок, кој спогодбено треба да го подигне в четврток.

„Овие денови како се враќаат од одмори останатите од тимот ќе ги депонираат оставките. Јас дадов оставка и треба да потпишам спогодбено дека си одам. Во моментот кога ќе решиме конечниот статус мој и на тимот за тоа каде ќе работиме во иднина ќе дадеме официјална изјава. Ова го кажувам за да нема шпекулации, бидејќи при вакви големи трансфери најмногу треба да внимаваме за натамошниот третман на децата кои чекаат операција“, рече д-р Чадиковски.

Тој рече дека причина за заминувањето од болницата „Жан Митрев“ се различните концепции во начинот на работењето.

XS
SM
MD
LG