Достапни линкови

Од Мечкин Камен полетуваат 150 пилоти во параглајдинг


На 5-ти август во Крушево започна Светското првенство во параглајдинг. Учесниците се натпреваруват во дисциплината прелети. На 16-тото Светско првенство, кое за прв пат се организира во Крушево, учествуваат 150 пилоти од 49 држави. Македонската репрезентација ја сочинуваат тројца пилоти - Дарко Станковски, Владимир Неделковски и Ѓорѓи Ристовски.

Стартните локации се во Крушево на Мечкин камен, а места за слетување и крај на трките се предвидени во регионот на Прилеп, село Кривогаштани и регионот околу Битола.

Првенството завршува на 18-ти август, недела.

Овие настани го промовираат Крушево и Македонија како топ светска дестинација за овој вид на спортски туризам. Дополнително, организаторите информираа дека за 2021 година веќе се закажани светско првенство во прецизно слетување и светско првенство во змаеви.

XS
SM
MD
LG