Достапни линкови

Парламентарни избори во Полска на 13 октомври


Кабинетот на полскиот претседател Анджеј Дуда соопшти дека парламентарните избори во Полска ќе се одржат на 13 октомври.

Повеќето анкети предвидуваат дека ќе победи владејачката партија, Партијата на право и правда, благодарение на големата социјална помош и на силниот економски раст. Од доаѓањето на власт, партијата е во судир со Европската Унија во врска со судските реформи, како и за миграцијата и за политиките за животна средина.

XS
SM
MD
LG