Достапни линкови

Терористички напад во Кабул, над 95 повредени


Над 95 лица се повредени во денешната експлозија на автомобил во близина на главната полициска станица во Кабул, но се уште нема официјални информации за бројот на загинати, објавија светските новински агенции.

Одговорност за нападот презедоа талибанците, кои тврдат дека е убиен голем број војници и полицајци, објави „Ројтерс“.

Министерството за здравство соопшти дека повредените се префрлени во болница, а меѓу нив најмногу се жени и деца.

XS
SM
MD
LG