Достапни линкови

Ердоган: рускиот ракетен систем не е закана за НАТО


турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Рускиот ракетен систем С-400 не може да го загрози НАТО, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, наведувајќи дека набавката на овој систем за Турција претставува целосно комерцијален потег. Тој додаде дека Анкара предложила формирање турско- американска комисија која би ја разгледала загриженоста на Вашингтон поради овој ракетен систем. „Се надевам дека претседателот Трамп ќе дејствува во вистинска насока и нема да дозволи нашите односи да станат заложник на С-400“, рече Ердоган.

XS
SM
MD
LG