Достапни линкови

Мета: Изборите се единственото решение ако сакаме во ЕУ


Албанскиот претседател Илир Мета

Претседателот на Албанија, Илир Мета, смета дека решението за политичката криза во земјата се избори, бидејќи, како што напиша на неговиот официјален Фејсбук профил, „нема демократија без избори,а нерешавањето на кризата му служи на малцинството кое не сака отворање на преговори со ЕУ“.

„Единствено решение се изборите. Без избори нема демократија. Без демократија нема независна правда. Без овие две нешта, нема права и економија за сите Албанци, ниту казна за политичарите. Нерешавањето на кризата му служи само на малцинството кое не ја признава ротацијата и не сака отворање на преговорите на Албанија со Европската унија, бидејќи постепено ќе ја изгуби својата незаконска политичка, економска и медиумска моќ. Доаѓа 18 октомври“, напиша Мета на Фејсбук.

XS
SM
MD
LG