Достапни линкови

САД се против избори во Венецуела додека Мадуро е на власт


Џон Болтон

Американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон, изјави дека САД се против нови избори во Венецуела се додека претседателот Николас Мадуро е на власт, затоа што „неговата земја може да го изманипулира изборниот систем во негова корист“.

На денешниот Самит за Венецуела, што се одржува во Перу, Болтон рече дека тековните преговори меѓу Владата на Мадуро и опозицијата, што се водат на Барбадос, „ не се сериозни и му овозможуваат на Мадуро да купува време“, објавија агенциите.

XS
SM
MD
LG