Достапни линкови

Северна Кореја лансираше неидентификувани проектили


Пјонгјанг повторно лансираше неидентификувани проектили во морето, соопшти јужнокорејската војска. Проектилите биле испaлени од северозападниот брег на Северна Кореја, а војската во Сеул навела дека го прелетале копното пред да слетаат во источните севернокорејски води.

Јужнокорејската војска не соопшти колку проектили и каков вид на ракети биле испалени, објавија новинските агенции.

Јужнокорејската војска ја објави оваа информација неколку минути пред портапролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи да издаде соопштение во кое ги критикува Вашингтон и Сеул поради заедничките воени вежби, објави Асошиејтер прес.

XS
SM
MD
LG