Достапни линкови

Пукање во клуб во Торонто, седум ранети


Илустрација

За сега непознат маж, вчера по локално време, пукал во ноќен клуб во северниот дел на Торонто и при тоа ранил седуммина гости, пренесуваат новинските агенции повикувајќи се на локалните канадски медиуми.

Според канадскиот „Глобал њуз“, инцидентот се случил клубот „Зона 45″, а според полицијата, еден од повредените се наоѓа во критична состојба. Од клубот изјавиле дека за време на пукањето во клубот имало околу 250 луѓе.

„Поради големиот број очевидци, случајот најверојатно ќе биде брзо расчистен“, рече шефот на градската полиција Марк Сондерс.

XS
SM
MD
LG