Достапни линкови

Милион сириски мигранти работат нелегално во Турција


Истанбул

Околу милион сириски мигранти работат нелегално во Турција за многу ниски плати. Тоа се нагласува во анализа на главната опозициска Народно републиканска партија за која информираше нејзиниот заменик претседател Вели Агбаба. Според него, 20 насто од нелегално вработените Сиријци се под 15-годшина возраст. Од почетокот на оваа година 31.185 сириски мигранти добиле дозволи за работа. „Власта затвора очи за тој проблем поради кој се зголемува невработеноста во државата. Во исто време го користи проблемот за да создаде нетрпеливост меѓу локалното население против сириските мигранти“, додаде тој.

XS
SM
MD
LG