Достапни линкови

Трамп ја обвини Кина за манипулирање со јуанот


кинески јуани

Индексите на Вол стрит и на другите светски берзи бележат пад откако инвеститорите страхуваат дека трговската војна меѓу САД и Кина би можело да и нанесе трајна штета на светската економија. До ова дојде откако Кина ја собори на вредноста на јуанот на најниско ниво во однос на доларот во последните 11 години како одговор на заканата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе дополнителни царини за кинески производи. Трамп ја осуди Кина дека манипулира со нејзината валута, додека експертите страхуваат дека Кина и натаму би можела да ја користи валутата како оружје во трговската војна со САД. Слабиот јуан им одговора на кинеските производители бидејќи нивните производи стануваат поевтини на светските пазари.

XS
SM
MD
LG