Достапни линкови

Албанската опозиција бара почитување на уредбата за избори на 13 октомври


Илир Мета

Најголемата албанска опозициска партија, Демократската соопшти дека единствен акт кој е во сила, според Уставот, а во врска со локалните избори, е уредбата на претседателот Илир Мета. Партијата потенцира дека обврска на Централната изборна комисија и другите државни институции е да ги направат сите потребни подготовки за овие избори, што според уредбата, треба да се одржат на 13 октомври. Исто така се наведува дека непочитувањето на уредбата ќе значи оти ЦИК е во служба на нелегалната власт на Еди Рама и јасна потврда дека „Рама на незаконски начин ги конролира и ЦИК и другите институции“.

XS
SM
MD
LG