Достапни линкови

Потпишан Законот за заедничка гранична контрола на Табановце


Претседателот Стево Пендаровски го потпиша указот за прогласување на Законот за ратификација на Договорот меѓу Северна Македонија и Србија за воспоставување заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце - Прешево, соопштија од Кабинетот на претседателот.

Според соопштението, Пендаровски смета дека воспоставувањето на заедничките контроли позитивно ќе придонесе за натамошното унапредување на билатералната комуникација меѓу Република Северна Македонија и Република Србија, и ќе придонесе за олеснување на движењето на граѓаните и трговската размена, а ќе се поедностави и регулацијата на сообраќајот на државната граница.

XS
SM
MD
LG