Достапни линкови

Анкета: 46 отсто Шкоти се за независност од Обединетото кралство


Мнозинството од анкетираните Шкоти би гласале за независност од Обединетото Кралство, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено по барање на лорд Мајкл Ашкроф, што е прво поголемо испитување на јавното мислење од март 2017 година.

Од 1.019 испитаници, наспроти 46 отсто кои се „за”, „против” би гласале 43 проценти. Исклучувајќи ги оние кои не знаат како ќе гласаат, тоа прерасна во предност од 52 наспроти 48 отсто во корист на приврзаниците на независноста на Шкотска.

„По посетата на британскиот премиер Борис Џонсон минатата недела, спроведов анкета меѓу Шкотите за да ја испитам поддршката за втор референдум за независност и побарав мислење од жителите за самата опција независност“, изјави лорд Ашкроф, конзервативен кој се противи на управувањето на Џонсон.

Пред 5 години, со 55 наспроти 45 отсто на референдум, Шкотите ја отфрлија независноста од Велика Британија, но разликите околу Брегзит го вратија тоа прашање на маса.

XS
SM
MD
LG