Достапни линкови

Најмалку 19 загинати во експлозија во Каиро


Каиро

Најмалку 19 луѓе загинале, а 30 други биле ранети во експлозија во близина на Египетскиот институт за канцерогени заболувања во Каиро. Властите соопштија дека автомобил се судрил со три други возила при што дошло до експлозија. Се уште не е јасно дали станува збор за терористички напад. Експлозијата предизвикала штети и во зградата на Институтот.

XS
SM
MD
LG