Достапни линкови

Еден тон кокаин запленет во Уругвај


Илустрација: Запленет кокаин

Еден тон кокаин е запленет во Уругвај, соопшти доцна синоќа тамошната полиција. Кокаинот, распореден во 817 пакети, бил пронајден во летувалиштето Парке дел Плата на југот на земјата, на околу 55 километри источно од Монтевидео.

Полицијата уапсила тројца шверцери на дрога.

Заплените на кокаин во Уругвај, кој инаку не е производител на таа дрога, зачестија во изминатава година. Германската полиција во петокот соопшти дека запленила рекордни 4,5 тони дрога во бродски контејнер кој пристигнал од Уругвај.

XS
SM
MD
LG