Достапни линкови

Четворица загинати поради земјотресот на островот Јава во Индонезија


Индонезиските власти денеска објавија дека во силниот земјотрес на островот Јава загинале четири лица, а повеќе од 200 куќи се оштетени.

Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот со јачина од 6,8 степени во петокот имал епицентар на околу 150 километри југозападно од Јава.

Индонезиските власти соопштија дека четири лица загинале за време на паничното бегство во покраината Бантет, а уште четворица се повредени.

Индонезија, која има 260 милиони жители, е подложна на земјотреси и вулкански ерупција, зашто се наоѓа долж пацифичкиот Огнен Прстен.

XS
SM
MD
LG