Достапни линкови

Меси суспендиран на три месеци од репрезентацијата


Лионел Меси

Фудбалерот на Барселона Лионел Меси е суспендиран на три месеци од репрезентацијата на Аргентина откако ја обвини Јужноамериканската фудбалска конфедерација за корупција. Тој исто така треба да плати казна од 50 илјади долари поради коментарите по победата на Аргентина против Чили за третото место на Копа Америка.

Ѕвездата на Барселона и на Аргентина има право на жалба.

Аргентина во полуфиналето на Копа Америка изгуби од Бразил, а Меси, незадоволен од судењето, тврдеше дека натпреварувањето е наместено за да победи домаќинот.

На мечот против Чиле, тој заработи црвен картон, а потоа одби да присуствува на церемонијата за доделување на бронзените медали. Поради тој црвен картон веќе заработи суспензија од еден меч и нема да може да игра на првиот квалификациски меч на Аргентина за Светското првенство во 2022 година.

Денешната суспензија значи дека Меси нема да може да игра за Аргентина на пријателските натпревари против Чиле, Мексико и против Германија.

XS
SM
MD
LG