Достапни линкови

Тројца загинати во Калифорнија во одрон на карпа на плажа


Десетина метри од карпата се одрониле вчера и паднале на плажата Грендвју во Енсинтас во близина на Сан Диего

Тројца луѓе загинаа кога се одрони карпа на популарна плажа на брегот на Тихиот Океан на југот на Калифорнија, а двајца се повредени.

Десетина метри од карпата се одрониле вчера и паднале на плажата Грендвју во Енсинтас во близина на Сан Диего. На плажата имало многу луѓе.

Властите соопштија дека карпата била оградена за луѓето да не доближуваат до неа, зашто била нестабилна.

Такви одрони на плажи во јужна Калифорнија има по неколку пати годишно, но овој има најтешки последици досега.

XS
SM
MD
LG